Дома Фудбал Класата е вечна: Хоакин испиша историја во Лигата на Европа

Класата е вечна: Хоакин испиша историја во Лигата на Европа

Каков мајстор е Шпанецот Хоакин можевме да видиме уште еднаш во вчерашниот натпревар од второто коло во Лигата на Европа помеѓу неговиот Бетис и бугарскиот шампион Лудогорец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Капитенот на Бетис го постигна вториот гол во победата на својот тим од 3:2 и така се запиша во историјата на Лигата на Европа.

Хоакин вчера стана најстариот стрелец во второто по ранг европско натпреварување со 41 година и 156 дена. Исто така Хоакин е и најстариот асистент во Лигата на Европа.

Кариерата на 41-годишниот фудбалер е врзана за „зелено-белиот“ дрес на Бетис каде што ги помина и младинските категории, дебито за првиот тим го имаше во 2000 година.

После шест години во Бетис, Хоакин наредните пет настапуваше за Валенсија, па Малага и Фиорентина за во 2015 година да се врати во матичниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреља ги шокирал сите во репрезентацијата, цела репрезентација за трансферот дознала од Романо!

Од шпанскиот табор пристигнаа вчудовидените вести. Левиот бек Марк Кукуреља стана нов член…