Дома Останати Тенис Кирјос се откажа од Ју-Ес Опен, па ги нападна Ѓоковиќ и колегите!

Кирјос се откажа од Ју-Ес Опен, па ги нападна Ѓоковиќ и колегите!

Контроверзниот австралиски тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос им соопшти на организаторите на Ју-Ес Опен дека се откажал од учеството на турнирот.

Кирјос годинава нема да игра на еден од најголемите турнири во свет, а вели дека донел таква одлука за да ги испочитува неговите сонародници.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мора да се однесувате во интерес на другите. Не може да играте на маса, да земате пари по Европа или да се обидете да направите некој турнир од кој ќе земете пари. Тоа е себично, мислете и на другите. Не ме интересира на кое место се наоѓате или колку пари имате. Однесувајте се одговорно. За тие кои се однесуваат себично, ќе ви кажам среќно. Играјте на сопствен ризик“, вели Кирјос.

Ју-Ес опен е закажан да се одржи од 31 август до 13 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …