Австралиецот со грчко потекло Ник Кирјос кој минатата сезона играше во големото финале на Вимблдон го откажа настапот оваа година поради повредата која го мачи во текот на целата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По операџијата на левото колено, Кирјос во јануари настапи само на еден меч минатиот месец и победи против Кинезот Ју Јибинг во Штутгарт.
Откажувањето го потврди со објава на социјалните мрежи.
„Тажен сум, но ќе морам да се повлечам од Вимблдон оваа година. Во процесот на рехабилитација почувствував болки во зглобот додека бев во Мајорка и од претпазлив направив скен кој покажа дека има кинење на лигаментот на зглобот. Ќе се вратам посилен“, објави Австралиецот.