Jaпонскиот ветеран Кеисуке Хонда овој јануари би можел да се врати во Европа.
Хонда во овој момент е член на Ботофаго каде што пристигна пред една година. Медиумите во Португалија објавија дека Хонда има понуда Портимоненсе да се пресели на Пиринеите. Според информациите, понудата е испратена и сега се чека одговорот на Јапонецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот со Ботофаго на Хонда има важност до февруари меѓутоа тој најверојатно ќе биде раскинат идниот месец.
Причината поради која Хонда ќе го напушти Ботофаго по една година е смената на тренерот Рамон Дијаз. Во само една година Дијаз бил четвртиот тренер кој Бразилците смениле и тоа го налутило Јапонецот.
34 годишниот Хонда во кариерата настапуваше уште за: ЦСКА Москва, Милан, Нагоја, Паучука, ВВВ Венло и Витесе.