Дома Фудбал Репрезентации Катар на уникатен начин ќе се спрема за СП2022: Цела репрезентација ќе им потпише за еден тим?!

Катар на уникатен начин ќе се спрема за СП2022: Цела репрезентација ќе им потпише за еден тим?!

Катарците понекогаш добиваат луди планови, а еден таков сега е нивниот последен со фудбалската репрезентација.

Имено, тие имаат намера сите или колку што може повеќе играчи кои се репрезентативци да доведат во Еупен, тим кој се натпреварува во првата белгиска лига. Еупен е избран затоа што е спонзориран од голема фирма од Катар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Причината за нивниот ваков луд план е за селекцијата подобро да им се воигра за СП 2022 година.

Во прилог им оди и тоа што тренер на Еупен е Шпанецот, Сан Хозе Бењат, додека селекторот на Катар исто така е Шпанец, Феликс Санчез.

Тие сметаат дека на ваков начин би биле во значителна предност пред останатите селекции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…