Шпанскиот фудбалер Андер Херера би можел да стане еден од најплатените фудбалери на Манчестер Јунајтед од наредната сезона.
Договорот на Херера истекува наредното лето, а интерес за неговите услуги покажа Барселона. Токму интересот од Барселона веројатно е главната причина поради која Манчестер Јунајтед спрема нов договор за одличниот фудбалер.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, Херера би требало да потпише нов договор според кој би заработувал 200.000 фунти неделно, плус бонуси. Значи, тоа би го направило еден од најплатените фудбалери на клубот и сигурно дека би било доволно за тој да остане на „Олд Трафорд“.
Да потсетие, тој минатата сезона одигра 31 натпревар, постигна еден погодок и запиша шест асистенции. Херера во Јунајтед пристигна во летото 2014 година од Атлетик Билбао за 36 милиони евра.