Дома Фудбал Каталонците бесни на раководството на Ла Лига: Ова не е фер, ние немаме ист третман како Мадриѓаните

Каталонците бесни на раководството на Ла Лига: Ова не е фер, ние немаме ист третман како Мадриѓаните

Вечерва Барселона заминува на гостување во Ла Лига. Само три дена подоцна пак, ги очекува дербито со Атлетико.

Во Барселона во пресрет на тие два натпревари, 180 минути во кои може да се осигура титулата, се жалат на распоредот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Овонеделниот распоред е тежок и против нас. Постојат многу прашање во врска со тоа, не е фер… Играме ден подоцна во однос на Атлетико и одиме на најдолг пат. Распоредот нас не става во иста положба со ривалите“, истакна тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде.

„Зошто челниците на лигата не размислуваат за нас? Зошто не се доследни? Како да заборавија дека во недела имаме толку важен меч“.

Валверде најави и дека би можел да одмори некои играчи за мечот против Атлетико.

„Тоа е една од можностите. Никогаш не сум сакал да размислувам за натпреварите кои следуваат. Секој натпревар е вреден три бода и мислите за Атлетико никаде нема да не однесат во овој момент“.

Барселона инаку, има четири бода предност во однос на Атлетико, но и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…