Дома Останати Тенис Карено Буста барал казна за Ѓоковиќ за беснеењето на теренот 🎥

Карено Буста барал казна за Ѓоковиќ за беснеењето на теренот 🎥

Пабло Карено Буста го совлада Новак Ѓоковиќ во битката за третото место на Олимписките игри, а во текот на дуелот сакаше да биде доделена казна за српскиот тенисер.

Карено Буста во изјава за шпанските медуми по натпреварот откри дека сакал Ѓоковиќ во еден момент од вториот сет да биде казнет поради непримерно однесување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѓоковиќ беше изнервиран поради проблемите на теренот, како и од својата физичка состојба и повредите, па во еден момент го фрли рекетот на трибини, а потоа скрши уште еден рекет.

„Го прашав судијата што се случува затоа што мислев дека ова е второ предупредување, зашто фрли рекет во третиот ред на трибините, а вториот го скрши пред него. Но изгледа тоа не беше доволно за казна“, вели Шпанецот.

MOМЕНТОТ КОГА ЃОКОВИЌ ГО ФРЛИ РЕКЕТОТ НА ТРИБИНИТЕ

И МОМЕНТОТ КОГА ГО УДРИ РЕКЕТОТ ОД МРЕЖАТА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…