Фудбалерите на Евертон остварија голема победа во 29. коло од англиската Премиер лига, тие го победија Ливерпул со 2:0 на својот „Гудисон Парк“ во дербито на Мерсисајд.
Во 27. минута Евертон поведе со голот на Брантвејт, по големата гужва во гостинскиот казнен простор и бројните скокови. Во првите 45 минути Ливерпул имаше подобри шанси, но домашниот голман Пикфорд брилијантно ги одбрани ударите на Нуњез и Дијаз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голот за 2:0 го постигна Калверт-Луин во 58. минута кога по еден корнер со глава ја погоди противничката мрежа.
Ливерпул со овој пораз сега е уште подалеку од борбата за титулата, а легендарниот играч на „црвените“ Џејми Карагер посебно го нападна Дарвин Нуњез.
„Шансата што ја пропушти Нуњез пред полувремето е непростлива на ова ниво. Особено во ситуација кога Ливерпул се бори за титулата. Неговата севкупна презентација беше неприфатлива, недостојна за играч на Ливерпул“, го критикуваше Карагер, Нуњез.
Легендата на „црвените“ смета дека ова лето може да дојде до трансфер на Нуњез.
„Го гледам Нуњез две години и мислам дека нема да има некакво подобрување кај него. Нуњез не е играчот што му треба на Ливерпул, како напаѓач кој носи голови и доминација во борбата за трофеи. Мислам дека треба да се донесе одлука за него во следниот преоден рок“, вели Карагер.