Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер е задоволен од развитокот на клубот, но порача дека тимот треба да освојува трофеи.
Манчестер Јунајтед заврши на второто место во Премиер лигата, а Мегваер се надева дека наскоро „црвените ѓаволи“ ќе ја освојат титулата.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Второто место не е доволно. Треба да се подобриме и да почнеме да освојуваме титули во Премиер лигата. Сметам дека добро се развиваме, но едноставно Сити имаше фантастична сезона. Испуштивме многу бодови на глуп начин и следната сезона треба да бидеме посилни“, изјави Мегваер.
Јунајтед во среда игра финале во Лига Европа, па може со важен трофеј да ја заврши сезоната.