Трој Дини, капитенот на Вотфорд ја критикуваше одлуката да се продолжи Премиер лигата.
31 годишниот Дини нема намера да се врати на терените. Тој се огласи преку видео порака во кој порача дека нема да се врати ниту по цена да му ги земат сите пари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова не е време да зборуваме за фудбал. Не сакам да го ризикувам животот и здравјето на моето семејство. Не сакам да се вратам. Што можат да ми направат? Ќе ми ги земат парите? Гајле ми е претходно бев без скршена пара, тоа не ме вознемирува“.
„Кажуваат дека нема да има публика до 2021 година. Ако не е безбедно за навивачите, како е безбедно за нас? Еве при корнер, Вотфорд има 11 играчи во одбраната и тоа значи дека на мал простор ќе има 18 играчи, тоа е далеку од дистанцирање“, изјави Дини.