Дома Останати Тенис Калин со пресврт се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Србија

Калин со пресврт се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Србија

Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања.

Денес Ивановски го совлада шестиот носител на турнирот, Тимо Лего со 2:1 во сетови. Доминираше Французинот во првиот сет кој го доби со 6:2, но потоа следуваше доминација на Македонецот кој со 6:1 и 6:0 ги доби наредните два сета и се пласираше во четвртфиналето.

Турнирот се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…