Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Како Златко Далиќ ги мотивираше Хрватите на полувремето?

Како Златко Далиќ ги мотивираше Хрватите на полувремето?

Хрватска после продолженија со 2:1 ја елиминираше Англија во полуфиналето на Мундијалот и избори пласман во големото финале.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, Англија прва дојде до водство и тоа со прекрасниот погодок на Трипие во 5 минута од натпреварот. Со овој резултат се замина на одмор, а тогаш Хрватска во продолжение заигра многу подобро, дојде до израмнување преку Перишиќ во 68 минута, а потоа во продолжението преку Манџукиќ и до победа.

Хрватските новинари ги интересираше како Далиќ ги мотивирал своите избраници на полувремето, во моментите кога губеа со 1:0.

„Им реков дека ние сме подобриот тим, дека подобро играме. Им реков да продолжат со пасовите и да не губат глава, бидејќи ако почнеме да ја исфрламе топката ќе загубиме…Момците ме послушаа, стрпливо ја градеа играта и дојде до тој гол на Перишиќ. На крајот повторно дадовме гол и не примивме како против Русите.“ – изјави селекторот на Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Бразилската легенда за Анчелоти: Не смее да остане селектор по ова фијаско!

Една од најголемите легенди на бразилскиот фудбал, Ромарио, жестоко го нападна тренерот на…