Дисциплинската комисија на ФИФА денес му зададе тежок удар на англиски Челзи казнувајќи го со забрана за трансфери во наредните два преодни рока.
Освен забраната Челзи доби казна од 600.000 франци. Оваа казна би можела да го интересира и италијанскиот шампион Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Гонзало Игуаин од Јувентус како позајмен фудбалер премина во Челзи. Ако казната не биде намалена после жалбата која ја најавија од таборот на „сините“ Челзи не би можел да го откупи напаѓачот во рокот од 18 месеци.
Ова би можело да биде и добро за „сините“. Игуаин во Челзи дојде само поради барање на Маурицио Сари кој сега не е во добрза позиција и поради лошите резултати му се заканува отказ.
Ако Сари замине Игуаин веројатно би се нашол во проблем. Во Челзи на лето би можеле да се вратат. Мората, Батчуаи и Абрахам, а би можел да остане и Жиру.
Сите овие играчи имаат помала плата од аргентинскиот напаѓач.
Што ќе се случи со Игуаин?
Ќе мора да се врати во Јувентус каде што е сметан за непотребен. Тој има договор кој го штити, може да биде испратен на позајмица или евентуално помалку веројатната опција е Манџукиќ да биде продаден, а Аргентинецот да добие нова шанса во Торино.
Значи, оваа казна на Челзи може да им помогне да не ги испочитуваат условите во договрот и да го вратат Аргентинецот во Италија.