Додека Барселона се насочи кон трансферот на Феран Торес, Едисон Кавани се оддалечува од трансфер на „Камп Ноу“.
Според каталонскиот весник „Спорт“ од Коринтианс испратиле понуда до Кавани со многу подобри финансиски услови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кавани има договор со Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, но не е задоволен со својот статус и сака во јануари да ја промени средината.
Барселона чека да го раскине договорот со „црвените ѓаволи“ и да го доведе како слободен агент, меѓутоа Коринтианс му нуди многу повисока плата на Уругваецот.