Дома Фудбал Останато Кабиб: Роналдо ми кажа за трансферот во Јунајтед уште пред еден месец

Кабиб: Роналдо ми кажа за трансферот во Јунајтед уште пред еден месец

Поранешната УФЦ ѕвезда Кабиб Нурмагомедов изјави дека Кристиано Роналдо уште пред еден месец му кажал за трансферот во Манчестер Јунајтед.

За јавноста трансферот на Роналдо беше големо изненадување, посебно затоа што изгледаше дека неговиот трансфер во Сити е скоро завршена работа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа сега Кабиб Нурмагомедов кој е добар пријател со Роналдо тврди дека Роналдо имал план за Јунајтед уште претходно.

„Пред еден месец Роналдо ми кажа дека ќе се пресели во Манчестер Јунајтед. Го очекував тој трансфер. Мислам дека Манчестер е многу подобар клуб за него отколку Јувентус. За мене, искрено трансферот не беше изненадување“, изајви Кабиб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…