Дома Фудбал Италијанците испратени на тестирање: Тројца новинари позитивни на ковид-19 биле во тренинг-кампот!

Италијанците испратени на тестирање: Тројца новинари позитивни на ковид-19 биле во тренинг-кампот!

Италија во недела ќе игра финале против Англија на „Вембли“, но во овие моменти кај „Аѕурите“ владее паника поради ковид-19.

Откриени се тројца новинари на „Раи Спорт“ кои се позитивни и кои ги следеле италијанските новинари на Еуро 2020, тие биле и во нивниот камп.

Новинарите пристигнале во Лондон заедно со фудбалерите, третиот бил со нив и во тренинг-кампот. Тоа е она што е досега познато, не се знае колку бил близок контактот.

Фудбалскиот сојуз на Италија го затвори тренинг-кампот, а фудбалерите се испратени на дополнителни тестови, после што ќе се знае дали има некој позитивен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Златната топка“ првпат во Лондон: Јубилејна вечер и трка за фудбалскиот престол

Седумдесетгодишнината на наградата ќе се одбележи во Лондон. Како се избираат победниците …