Дома Фудбал Италијанците загрижени: Тројца фудбалери го пропуштија последниот тренинг поради повреди

Италијанците загрижени: Тројца фудбалери го пропуштија последниот тренинг поради повреди

Дел од репрезентациите имаат проблеми со повреди пред почетокот на Европското првенство, една од тие репрезентации е Италија.

Италијанските медиуми денеска пренесуваат дека тројца фудбалери од средниот ред: Николо Барела, Давиде Фратези и Николо Фаџоли се здобиле со повреди и го пропуштиле последниот тренинг.

Повредата на Барела не е новост бидејќи поради болки во мускулите ги пропушти и последните два подготвителни натпревари.

Засега не е познато за што точно се работи и дали е нешто сериозно во прашање. Европското првенство стартува во петок, а Италија првиот натпревар го игра против Албанија на 15. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Европска вечер, празни трибини: Звезда без голема поддршка против Копенхаген

Дуелот со Копенхаген привлече малку публика на „Маракана“, по разочарувањето од европскиот…