Интер и Јувентус покажуваат сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат шпанските медиуми.




Интер во 20-годишниот Французин гледа идеална алтернатива за Брозовиќ во средниот ред. Од друга страна Јувентус од поодамна го следи францускиот талент и сака ова лето да го донесе во своите редови.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Кефрен е син на легендарниот француски дефанзивец Лилијан Турам и брат на напаѓачот на Борусија Мехенгладбах, Маркос Турам.




Кефрен оваа сезона игра фантастично во дресот на Ница и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во француското првенство.




Меѓутоа, конкуренцијата за неговиот потпис е голема бидејќи интерес за Французинот покажуваат уште Реал Мадрид и ПСЖ.