Манчестер Јунајтед во јануари ќе му ја отвори излезната врата на Антони Марсијал, пренесуваат медиумите на Островот.
Французинот минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа кај Тен Хаг.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари бидејќи не сакаат да го загубат без обештетување на крајот на сезоната.
Французинот исто така е спремен да ја промени средината, а за него најсилен интерес покажуваат италијанските гиганти Интер и Јувентус.
Двата клуба веќе се во контакт со агентот на Марсијал, па неговото доаѓање во Серија А е извесно, но останува да се види кој клуб ќе го избере.