Дома Фудбал Италија Италијанската полицијата направи „упад“ во Фиорентина! Дали нешто е „матно“ околу смртта на Астори?

Италијанската полицијата направи „упад“ во Фиорентина! Дали нешто е „матно“ околу смртта на Астори?

Голема трагедија вчера го потресе италијанскиот и светскиот фудбал, кога 31-годишниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори беше пронајден мртов во хотелската соба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Фиренца во шок и со голема и неизмерна тага пренесе дека нивниот капитен за жал не се разбудил од сонот откако вчера легнал без никаков проблем, а првичните претпоставки кои пристигнуваат од Италија се дека станува збор за срцев удар.

Во саботата вечерта играл „Playsation” и после 23 часот легнал да спие и веќе не се разбудил, починал во сон од срцев удар.

Воената полиција и Карабињерите го распрашувале голманот Марко Спортиело, кој бил последен од фудбалерите кои биле во контакт со Астори. Дополнителен разговор бил направен и со претставниците на клубот и со лекарската екипа на клубот.

Денес треба да биде извршена аутопсија и ќе бидат познати причините за смртта, но италијанската полиција уште вчера направи „упад“ во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд донел одлука за иднината – познато кога би можел да замине од Сити!

Ерлинг Халанд им порача на своите застапници засега да ги запрет сите разговори за можен т…