Италијанските гигати Милан и Рома се силно заинтересирани за младата ѕвезда на бразилски Гремио, Лукас Каван, пренесуваат медиумите на Апенините.
Каван е 18-годишен десен бек и во Бразил е сметан за еден од најголемите таленти, а неговиот договор со Гремио истекува во 2024 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двата клуба веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а поконкретен е интерсот од страна на Рома, бидејќи Мурињо бара засилување на таа позиција веднаш.
Кога станува збор за „росонерите“ тие сакаат да го купат талентот и да го пуштат на позајмица, бидејќи во моментов се добро покриени на десната бековска позиција.