Македонскиот каратист Емил Павлов повторно ја израдува македонската јавност, откако запиша историски успех со освојување на Премиерлигата во карате во Москва.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Павлов беше фантастичен на турнирот во Москва, каде што запиша дури пет победи, а притоа успеа да слави против два светски шампиони.
Македонскиот претставник денеска славеше со 3-1 против турскиот каратист Ерај Самдан во финалето на Премиерлигата во Москва.
Резултатите од турнирот се бодуваат за настап на Летните Олимписки игри во Токио, кои ќе се одржат следната година.