Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан му соопштил на Иско дека слободно може да си бара нов клуб, пренесуваат шпанските медиуми.
Иско оваа сезона не е во плановите на Зинедин Зидан и ретко добива шанса, а на „Ел Класико“ камерите го снимија како приговара од клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал сака да се ослободи од плејмејкерот уште во јануарскиот преоден рок и веќе поставил цена од 25 милиони евра.
„Моментално немаме понуда, но Иско сака да се проба во некоја друга лига“, потврди агентот на Шпанецот.
Интерес за Иско покажуваат неколку европски гиганти, а јасно е дека неговата цена драстично падна после лошиот период.