Дома Фудбал Англија Исклучувањето на Мане „крена прашина“: Анри и Невил го критикуваат Мос, Карагер ја оправдува одлуката!

Исклучувањето на Мане „крена прашина“: Анри и Невил го критикуваат Мос, Карагер ја оправдува одлуката!

Дербито на колото во Премиер лигата кое се одигра денес помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул го добија „граѓаните“ со убедливи 5:0, а еден од одлучувачките моменти на наптреварот беше исклучувањето на Саидо Мане во 37 минута од средбата.

По повод ова со свои коментари во јавноста излегоа големите легенди на Премиер лигата, Гери Невил, Тиери Анри и Џејми Карагер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одлуката на главниот арбитар, Џонатан Мос, сигурно ќе биде предмет на коментирање и во наредните неколку денови, а помеѓу со свои коментари излегоа како што споменавме Карагер, Невил и Анри.

„Имаме безброј ситуации во кој фудбалерот оди со подигната нога, а од спротивната страна доаѓа противнички фудбалер кој оди со глава, токму поради тоа сметам дека одлуката на Мос беше целосно погрешна, Мане не заслужи исклучување“, изјави Невил.

„Се сложувам со тебе, за одлучувачки момент во оваа ситуација го сметам лежењето на Едерсон на теренот. Главниот судија не додели веднаш црвен картон, туку почека да ја види ситуацијата со голманот кој лежеше на тревата“, се надополни Анри.

Иако многумина очекуваа Џејми Карагер кој е легенда на Ливерпул да ја критикува одлуката која не одеше во корист на неговиот поранешен клуб, Карагер го оправдува одлука на Мос.

„Двајцата имаа 50-50% шанси да стигнат до топката, доколку вие одите на противничкиот фудбалер со високо крената нога, апсолутно заслужувате црвен картон, ја оправдувам одлуката на Мос“, зборуваше Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…