Самир Хандановиќ веќе неколку години важи за еден од најдобрите голмани во Европа, а и оваа сезона брани фантастично.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа Хандановиќ веќе има 34 години, па раководството на Интер веќе почна да размислува за наследник на Словенецот.
„Нероаѕурите“ сакаат да донесат млади и талентиран голман кој ќе биде решение за голот во наредните десетина години.
Прва мета е голманот на ПСЖ и француски репрезентативец, Алфонс Ареола. Тој оваа сезона е во сенка со доаѓањето на Буфон во Париз, па е спремен да ја промени средината.
Како алтернатива „нероаѕурите“ ги следат Лафонт од Фиорентина, Крањо од Каљари и Голини од Аталанта.
https://youtu.be/FEykrSICEuk