Дома Топ вести Интер тргнува по „машината за голови“ на Ајакс

Интер тргнува по „машината за голови“ на Ајакс

Интер е во потрага по квалитетен напаѓач кој ќе може да биде долгорочна замена за Един Џеко.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Босанецот игра одлично оваа сезона, но има 35 години, па Интер веќе започна потрага по негова замена, а прва желба е голтерегот на Ајакс, Себастијан Халер.

Халер игра фантастична сезона во Ајакс каде на 24 меча постигна 22 гола, а во групната фаза од Лигата на шампиони постигна 10 гола.

Овој 27-годишен напаѓач претходно беше во Вест Хем, но не се прослави во Премиер лигата, а сега во Ајакс игра во животна форма.

Интер стапил во контакт со неговиот агент и медиумите тврдат дека Халер ќе биде примарна цел на „нероаѕурите“ следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…