Дома Трансфер зона Интер го сака Пасторе – ПСЖ ја одреди цената!

Интер го сака Пасторе – ПСЖ ја одреди цената!

Главна трансфер цел на Интер во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на офанзивен играч за врска, а најголема желба е Хавиер Пасторе од ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот не може да се избори со жестоката конкуренција во Париз и добива мала минутажа оваа сезона, па и самиот е спремен да ја промени средината.

Спортскиот директор на Интер, Валтер Сабатини е човекот кој го донесе Пасторе своевремено во Италија, во Палермо, па е во одлични односи со играчот и неговиот агент.

„Ел Флако“ е спремен да се врати на Апенините, но проблем е ПСЖ кој нема така лесно да се откаже од својата ѕвезда. Имено, „светците“ за неговата слобода бараат 40 милиони евра.

„Нероаѕурите“ не се спремни да ја платат оваа сума, но имаат план да договорот позајмица на играчот со право на откуп на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…