Дома Трансфер зона Интер го сака дефанзивецот на Барса

Интер го сака дефанзивецот на Барса

Италијанскиот гигант Интре покажува сериозен интерес за левиот бек на Барселона, Жуниор Фирпо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фирпо не влегува во плановите на новиот тренер Роналд Куман и може да ја промени средината уште во јануари.

Барселона е спремна да го продаде бидејќи има потреба од финансиски средства, а најсилен интерес за Фирпо покажува Интер.

Оваа сезона Фирпо нема одиграни ниту еден натпревар за Барселона, а неговата цена изнесува помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Интер сака да го донесе на позајмица до крајот на сезоната, со можност за откуп следното лето.

Покрај „нероаѕурите“ интерес за дефанзивецот покажуваат уште Ливерпул и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…