Дома Трансфер зона Милан и Барса блиску до договор за Фирпо

Милан и Барса блиску до договор за Фирпо

Милан е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ се блиску до ново засилување.

Во Милан веќе пристигнаа Меите и Манџукиќ, веќе е договорен трансферот на Фикајо Тимори од Челзи, но „росонерите“ преговараат и за четвртото засилување.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Станува збор за левиот бек на Барселона, Жуниор Фирпо, кој повеќе не влегува во плановите на тренерот Роналд Куман.

„Росонерите“ бараат алтернатива за Тео Хернандес и веруваат дека Фирпо ќе биде одлично решение. Милан веќе испратил понуда до Барселона и го сака играчот на позајмица со право на откуп.

Барселона е спремна да ја прифати понудата, но бара 20 милиони евра за откуп, додека Милан нуди 16 милиони.

„Скај Италија“ тврди дека двете страни се блиску до договор и дека разликата може да се „испегла“ со бонуси.

Фирпо веќе има договор со „росонерите“ бидејќи негов агент е таткото на Брахим Дијаз кој е во одлични односи со Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона потпишува нов договор со уште еден свој „бисер“ – клазулата ќе изнесува 400 милиони евра

По Пау Кубарси и Ламин Jамал, претходно Гави, Педри, Балде, Барселона ќе го продолжи догов…