Доаѓањето на Маурицио Сари во Јувентус благо кажано не беше најдобро прифатено во неговиот роден Наполи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако три години беше тренер во Наполи и една година во Челзи, Сари ова лето го превзема големиот ривал на Наполи Јувентус. Додека го водеше Наполи, Сари често пати го провоцираше Јувентус за односите со судиите и ги критикуваше, а сега ја прифати нивната понуда.
„За нас Наполитанците тоа е класично предавство. Кажав веќе и пак ќе кажам ако треба – Сари е предавник. Мораме да се сконцентрираме и да се обидеме да го победиме. Сонуваме титула во Лигата на шампионите и ќе се обидеме да ја освоиме“, изјави Инсиње кој за Наполи од 2010 година одигра 305 натпревари.