Искусниот фудбалер на каталонскиот гигант не го крие незадоволството од сезоната која заврши.
Андрес Иниеста во кратко интервју за шпанските медиуми призна дека Барса не ги исполнила целите оваа сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не ја освоивме Лигата на шампионите, не ја одбранивме титулата шампион во Шпанија и свесни сме дека ова не беше добра сезона за нас“, изјави Иниеста.
Барселона сезоната ја заврши со освојувањето на кралскиот куп, а во текот на минатото лето беше освен и трофејот во Суперкупот на Шпанија, но тоа е мала утеха за каталонскиот гигант.
Иниеста во сезоната која е зад нас одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден погодок.