Дома Трансфер зона Изненадување: Интер го сака скоро заборавениот напаѓач?

Изненадување: Интер го сака скоро заборавениот напаѓач?

Веќе некое време се шпекулира за тоа дека Интер сака да го засили нападот и дека главни мети ова лето се Паоло Дибла и Ромелу Лукаку кој со сите сили се обидува да го напушти Челзи и да се врати во Милано.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Доаѓањето на Дибала е скоро завршена работа и за многу брзо се очекува официјална потврд дкеа е нов играч на Интер. Но, Интер веројатно нема да застане тука. Претходните денови на големо се шпекулираше дека Интер може да го напуштат Џеко, Санчез и Каиседо кои очигледно се вишок во тимот на Симoне Инзаги.

Токму затоа во Интер сакаат напаѓач кој би бил резерва на првите опции. Италијанските медиуми пренесуваат дека „нероаѕурите“ изненадувачки покажале интерес за Матија Дестро на кого сакаат да му понудат едногодишен договор.

Дестро наводно веќе ја прифатил улогата на резерва која би и ја имал и преговорите се во тек. Напаѓачот има и резервна опција, а тоа се Салернитана и Лече, меѓутоа негов приоритет е Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…