Напаѓачот на Рома Един Џеко и оваа сезона игра фантастично, па очекувано започнаа шпекулации за неговата иднина.
Според францускиот спортски канал „Беин Спорт“, Џеко би можел да биде идеална замена за Роберт Левандовски кој скоро сигурно на крајот од сезона ќе го напушти гигантот од Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текстот се наведува дека Џеко има доволно искуство во германската Бундеслига каде што настапуваше за тимот на Волфсбург, во тоа време беше и најдобар стрелец во германската лига.
Германските аналитичари го потврдија она што го пишуваа Французите, а тоа е дека овој трансфер лесно би можел да се реализира, иако Карл Хајнц Румениге истакна дека на Баерн не му е потребен нов напаѓач.
Сепак, на сите им е јасно дека Баерн ќе мора да бара алтернатива за Левандовски, а Џеко се наметнува како идеална замена.
Да потсетиме, Џеко договорот со Рома го врзува до 2020 година.