Дома Фудбал Играчите на Барса ќе се тестираат од коронавирус

Играчите на Барса ќе се тестираат од коронавирус

Утре наутро се очекува Барселона да пристигна во Италија каде ја очекува дуел со Наполи во Лигата на шампиони.

Како што пренесува „ЕСПН“, тимот на Барселона ќе мора веднаш да се тестира од коронавирус поради епидемијата која се појави во северна Италија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Поради епидемијата во овие делови од Италија  денес беа одложени натпревари од Серија А и Серија Б.

Тестирањето на Каталонците е од превентивни мерки, иако доаѓаат во Неапол каде што не е забележан ниту еден случај од смртоносниот вирус.

Во Италија досега се заразани 80 лица од коронавирусот, а две лица веќе починале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан спрема трансфер „бомба“

Бернардо Силва неодамна даде на знаење дека би можел да го напушти Манчестер Сити по истек…