Дома Трансфер зона Играч на Милан ги одби милионите од ПСЖ

Играч на Милан ги одби милионите од ПСЖ

Милан откако доби нови сопственици доживува вистинска ренесанса. Го вратија Паоло Малдини во тимот, а како шлаг на тортата пристигна Гонзало Игуаин од Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Скај Италија“ пренесува дека левиот бек на „росонерите“ Рикардо Родригез одбил да се пресели во ПСЖ, бидејќи сака да остане во Милан.

Францускиот клуб понудил 35 милиони евра за неговиот потпис, а на Швајцарецот му понудиле двојно поголема плата, но понудата сепак била одбиена.

Родригез верува во новиот проект на клубот и не сака да го напушти „Сан Сиро“. Тој пристигна минатото лето од Волфсбург за 15 милиони евра и одигра солидна сезона во црвено-црниот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…