Денес и официјално беше потврдено дека Златан Ибрахимовиќ го раскинува договорот со Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Швеѓанецот во Манчестер помина скоро две години, а негов нареден клуб најверојатно ќе биде американскиот тим од МЛС лигата, Лос Анџелес Галакси.
За периодот во Манчестер Златан со „ѓаволите“ стигна до трофеј во Комјунити Шилд, Лигата на Европа и Лигата Купот.
По објавата на официјалниот Твитер профил на Манчестер Јунајтед, Ибра од „ѓаволите“ се прости преку својот Инстаграм.
„На добрите работи им доаѓа крајот, дојде време да продолжиме понатаму. Поминав две фантастични сезони со Манчестер Јунајтед. Му благодарам на клубот, навивачите и целиот персонал. Засекогаш црвен“, порача Ибра.