Дома Фудбал Репрезентации Ибра ја крена Шведска на нозе – се враќа во репрезентацијата!?

Ибра ја крена Шведска на нозе – се враќа во репрезентацијата!?

Златан Ибрахимовиќ има 39 години, но е вистински лидер на Милан кој после подолго време игра одлично во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последните денови освен што е одличен на теренот Ибра е и активен на социјалните мрежи, а утрово објави неколку збора со кои успеа да ја крене шведска на нозе.

Искусниот напаѓач кој оваа сезона во Серија А постигна седум голови најави можно враќање во репрезентацијата на Шведска.

„Долго време не сме виделе“, напиша Ибрахимови во описот на фотографија на која е во дресот на шведската репрезентација.

Веднаш следуваше и реакција од селекторот на скандинавската селекција, Јане Андерсон кој изјави дека не знае зошто Златан ја објавил оваа фотографија.

„Не знам зошто го направил тоа, можете да зборувате со него. Јас немам поим. Се уште не сме се слушнале“, изјави Андерсон.

Ибрахимовиќ од Шведска се прости на Европското првенство во 2016 година и 62 постигнати гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Преди 10 години Меси се откажа од репрезентацијата на Аргентина. Останатото е историја

Пред точно 10 години Лионел Меси го шокираше фудбалскиот свет, објавувајќи го своето повле…