ПСЖ вчера доживеа пораз на гости кај Ница од 1:0, лидерот во Лига 1 одигра лош натпревар па Ница заслужено ги освои трите бода.
Еден од фудбалерите кој доби најмногу критики е Џроџино Вајналдум, летното засилување од Ливерпул. Холанѓанецот доби шанса од првата минута, но не ја оправда довербата од Покетино, напротив ја имаше една од најлошите статистики во последно време од било кој играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вајналдум имаше само 28 допири со топката, најмалку на теренот и дури осум помалку од голманот на ПСЖ, Кејлор Навас. Вајналдум беше во контакт со топката само девет пати во првото полувреме, што е навистина поразително за него. И во тој период Навас беше подобар од него, бидејќи во првото полувреме имаше 19 допири со топката.
Ќе потсетиме Вајналдум летото како слбооден играч се пресели во Париз од Ливерпул, но после слабите настапи се најавува негово заминување после само една сезона.