Дома Фудбал Зошто новиот играч на Арсенал место презимето на дресот ќе го носи името?

Зошто новиот играч на Арсенал место презимето на дресот ќе го носи името?

Томас Парти неодамна стана нов играч на Арсенал.

Во последните моменти од преодниот рок лондонскиот клуб од Атлетико го купи Парти и тој во наредните години ќе го носи дресот на „топџиите“.

Фудбалерот од Гана веќе го задолжи дресот со број 18, а на него место презимето Парти стои неговото име, Томас.

Новинарите ги интересираше зошто се одлучил на ваков потег.

„Ја започнав кариерата со Томас на дресот, па затоа одлучив и тука да го носам моето име на дресот“, изјави Парти.

Парти во претходните пет години настапуваше за Атлетико, а претходно го носеше дресот на Мајорка и Алмерија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станојевиќ по четврти пат во Партизан, Петровиќ со силна порака за Илиќ

Александар Станојевиќ го наследува Саша Илиќ, а спортскиот директор Радосав Петровиќ порач…