Дома Фудбал Останато „Златна топка“: Кој е во Топ 10, и кој доби нула гласови!

„Златна топка“: Кој е во Топ 10, и кој доби нула гласови!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, според очекувањата надмоќно ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот во 2016 година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во изборот кој го организира „Франс Фудбал“ учествуваа 173 новинари од целиот свет, а Португалецот доби 745 гласови, втор е Меси со 316 галсови, а трет Гризман со 198.

Според гласовите, зад првите тројца се најдоа: Луис Суарез, Нејмар, Герет Бејл, Ријад Марез, Џејми Варди, Џанлуиџи Буфон и Пепе.

Она што е интересно во гласањето е дека дури 11 фудбалери, од номинираните, не добиле ниту еден глас.

Листата ја предводат Серхио Рамос и Андрес Иниеста, а следуваат Серхио Агуеро, Кевин Де Брујне, Паоло Дибала, Диего Годин, Гонсало Игуаин, Коке, Уго Љорис, Томас Милер и Мануел Ноер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Артета: Се извинив на моите играчи на последниот тренинг

АРСЕНАЛ се пласираше во финалето на Лигата на шампионите првпат по 20 години. Топџиите на …