Дома Фудбал Зидан: Се може да се случи во јануари

Зидан: Се може да се случи во јануари

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не исклучува да има трансфери на „Сантиаго Бернабеу“ во јануарскиот преоден рок.

„Во јануари може да се случи се. Кога ќе дојде моментот ќе мислам на тоа, сега сум задоволен од моите фудбалери и мислам само на следните натпревари“, истакна Зидан пред утрешниот меч со Еспањол.

„Повредата на Азар се покажа потешка од очекуваното, Марсело и Бејл исто така се со повреди. Отсуството на Азар е удар за нас, но треба да продолжиме со истата игра. Бејл се повреди за време на дуелот со Алавеш. Нема да му забранам да игра голф ако сака, тој е возрасен човек и свесен е што прави“, додаде Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чоло Симеоне: „Златната топка“ е за Меси

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне исто така се приклучи кон дискусиите за тоа кој …