Дома Фудбал Зидан не се предава: Ништо не е завршено

Зидан не се предава: Ништо не е завршено

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е незадоволен после синоќешниот пораз од Манчестер Сити во ЛШ, но сепак не се предава пред реваншот.

Зидан жали што неговиот тим ја загубил концентрацијата во самиот финиш, но е оптимист дека „кралевите“ можат да победат на „Етихад“.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Цели 75 минути игравме добро. Незадоволни сме од поразот, но борбата трае 180 минути. Сега треба да најдеме нешто позитивно. На крајот не се заврши добро, но ние одигравме добро ако не ги земете предвид последните минути“.

„Сега, ако сакаме да одиме понатаму, мора да победиме во Манчестер. Имаше грешки во одбраната, но ова е дел од фудбалот, тоа е се. Се обидовме, дадовме се на теренот. Немавме доволно концентрација уште 10 минути во многу тежок натпревар и плативме за тоа“, рече Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де ла Фуенте го кажа својот фаворит за „Златната топка“

Ламин Јамал и Осман Дембеле според многумина се главните кандидати за освојување на Златна…