Дома Фудбал Зидан верува во „кралевите“: Роналдо е повеќе мотивиран кога не ни оди!

Зидан верува во „кралевите“: Роналдо е повеќе мотивиран кога не ни оди!

Реал Мадрид утре во 20:45 часот на „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува Реал Сосиедад, а пред овој натпревар Зидан зборуваше за лошата форма на неговиот клуб пред големиот натпревар против ПСЖ во среда во 20:45 часот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот беше запрашан за третманот од медиумите.

„Дали се преостри кон нас? Не знам, не можам да го контролирам тоа што се зборува за нас. Не оди се според планот, но знаеме кој сме и дека на располагање имаме доволно квалитет за да ја свртиме ситуацијата во наша корист“.

Зидан потоа беше запрашан шансите на неговиот тим против ПСЖ.

„Дали верувам дека ќе го поминеме ПСЖ? Ништо јас не верувам, јас само знам дека ќе дадеме се од себе, а никој не може да предвиди што ќе се случи во среда навечер“.

Французинот потоа истакна дека дека Роналдо веројатно е повеќе мотивиран кога на клубот не му оди.

„Изгледа дека е така. Но, јас не сум како останатите, мене оваа ситуација не ме загрижува како останатите, а тој уште еднаш докажа дека е одличен играч кој секогаш е тука за нас кога најмногу ни треба“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал останува без капитенот: Мартин Одегард има нов клуб?

Мартин Одегард наводно по нешто повеќе од пет години го напушта Арсенал. Норвежанецот ги д…