Дома Фудбал Зидан бесен: Ова не е фудбал, мечот требаше да се прекине

Зидан бесен: Ова не е фудбал, мечот требаше да се прекине

Реал Мадрид синоќа одигра реми против Осасуна, но условите за игра на „Памплона“ беа исклучително тешки.

Проблем за фудбалерите на двата тима беше смрзнатиот терен и неможноста да се одигра нормален меч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа го налути Зинедин Зидан кој беше бесен по завршувањето на натпреварот и истакна дека мечот требало да биде прекинат.

„Го направивме тоа што можевме на теренот, но тоа не беше фудбалски меч. Условите за игра беа ужасни. Работите што се случија последните два дена беа компликувани и не знаеме како и кога ќе се вратиме во Мадрид“.

„Очигледно, мечот требаше да биде одложен бидејќи немаше услови. Не сакам да критикувам, го правиме тоа што ќе ни го кажат. Ако можеме да се вратиме во Мадрид во понеделик, тогаш во среда имаме друг натпревар“, вели Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…