Дома Трансфер зона Зидан бара напаѓач – еве ја листата кандидати!

Зидан бара напаѓач – еве ја листата кандидати!

Реал Мадрид до крајот на преодниот рок сака да донесе замена за Мората бидејќи на тоа инсистира тренерот Зинедин Зидан.

„Кралевите“ работат на трансферот на Мбапе, но без разлика дали ќе пристигне Французинот, Зидан сака да биде донесен уште еден напаѓач кој ќе биде алтернатива за Бензема.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Без Мората сме послаби. Сега немаме планови, но до крајот на преодниот рок ќе видиме што ќе се случи“, истакна Зидан.

Медиумите веќе открија дека на списокот на Зидан има две имиња, станува збор за млади и талентирани напаѓачи кои ќе можат да бидат замена за Бензема.

Првиот е италијанскиот репрезентативец Доменико Берарди од Сасуоли. Берарди важи за еден од најголемите таленти на Апенините, а Зизу верува дека би бил одлично засилување бидејќи може да го користи на повеќе позиции во нападот.

Другиот е младиот напаѓач на Ајакс, Долберг кој оваа сезона блесна во Холандија и се етаблираше во еден од најталентираните напаѓачи во светот.

Долберг би можел да биде одлична инвестиција на „кралевите“ и за во иднина и играч кој постепено ќе добива шанса, а ќе биде важен во системот на ротација на Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…