Францускиот репрезентативец и еден од најдобрите играчи во Примера, но и во Европа, Антоан Гризман на лето сигурно ќе го напушти Атлетико Мадрид.
Медиумите од Шпанија денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Гризман веќе ја прифатил понудата на Барселона и на лето ќе се пресели на „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако од каталонскиот гигант тврдеа дека не го сакаат Гризман откако ги одби минатото лето, тоа очигледно не е вистина. Барселона му испратила нова понуда која Французинот ја прифатил, па наскоро се ќе биде официјализирано.
„Можам да ви потврдам дека Гризман веќе ја прифати понудата на Барселона. Не е време за трансферот да биде официјализиран, но наскоро ќе стане нов играч на Барселона“, изјави Жером Ротен, новинар на „РМЦ“.
? Antoine Griezmann has said YES to Barcelona, according to reports! ?pic.twitter.com/qH7XFIRMqq
— Adriano Del Monte (@adriandelmonte) April 5, 2019
Минатото лето Гризман ја одби понудата на Барселона и потпиша нов договор со Атлетико според кој заработува 20 милиони евра по сезона. Меѓутоа, Французинот се покаа поради таквата одлука, па наводно прифатил значително намалување на платата за да се пресели на „Камп Ноу“.
Откупната клаузула во договорот на Гризман изнесува 200 милиони евра, но до 15-ти јуни таа е „само“ 120 милиони евра, сума која Барселона е спремна да ја плати.
Денес на програмата е големото дерби помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, а тренерот на Каталонците Ернесто Валверде не сакаше да зборува за Гризман пред дуелот.