Дома Фудбал Останато Занети потврди: Интер преговарал со Меси!

Занети потврди: Интер преговарал со Меси!

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети потврди дека преговарал со Лионел Меси кога Аргентинецот ја напуштал Барселона, но договор не се постигнал затоа што италијанскиот клуб не можел економски да му парира на ПСЖ.

Меси летото 2021 година ја напушти Барселона по истекот на договорот и премина во Пари Сен Жермен како слободен играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Бев изненаден кога Меси замина од Барселона. Не можевме да се натпреваруваме со ПСЖ или клубовите од Премиер лигата, но сепак имавме разговор“, изјави Занети за „ДАЗН“.

Интер во неделата го победи Милан со 1:0 во големото градско дерби, но и понатаму е втор на табелата со големи 13 бода заостанување зад Наполи.

„Можевме да направиме нешто повеќе во лигата, изгубивме некои бодови, но тоа дел од патот по кој овој тим оди. Грешките се нормални во овој густ распоред, добро е што се виде дека екипата сака да наметне свој стил на игра. Успеавме да реагираме во тешки ситуации и мислам дека некои критики беа претерани“, истакна Занети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…