Рома загуби од Болоња со 2:0 во мечот од 16. коло во Серија А.
Сепак, можеби повеќе од поразот на самата Рома, натпреварот го одбележа необичниот потег на тренерот на Римјаните, Жозе Мурињо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во 46. минута Португалецот го внесе Ренато Санчез наместо Леонардо Спинацола, но 17 минути подоцна го извади Санчез од игра.
Наместо Португалецот го претстави Едоардо Бове. Санчез не можеше да поверува дека мора да го напушти теренот.
Тој се чудеше на потегот на Мурињо и при напуштањето на теренот покажа што мисли.
Renato Sanches shocked after he is subbed off after just 18 minutes on the field.
byu/Chelseatilidie insoccer
По натпреварот Мурињо му се извини на Санчез.
„Сакам јавно да му се извинам на Ренато Санчез, знам дека ова е многу тешко за еден фудбалер, но тешко е и за тренер. Вакво нешто имам направено само 3 или 4 пати во кариерата и никогаш не било лесно, рече Мурињо.
Санчез моментално е позајмен од ПСЖ, а досега има осум настапи, еден гол и 209 одиграни минути.