Дома Фудбал Лига на шампиони Жестоки критики за Галтие: Тој човек не е способен да води тим како ПСЖ!

Жестоки критики за Галтие: Тој човек не е способен да води тим како ПСЖ!

Легендарниот Зинедин Зидан би можел да го преземе Пари Сен Жермен ако актуелниот шеф на стручниот штаб на „светците“, Кристоф Галтие добие отказ. Извесно е дека тоа ќе се случи ако ПСЖ биде елииниран од Баерн.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


ПСЖ вчера беше поразен од Баерн со 0:1 во Париз и ова веќе беше петти пораз клубот од француската престолнина од почетокот на годината, тоа е повеќе отколку што имаа цела 2022 година (четири).

Во француските медиуми од утрово се пишува за можниот отказ на Галтие.

„Галтие нема никакво влијание во соблекувалната, клубот е во криза, а Галтие не може да ги контролира големите ѕвезди. ПСЖ му бара замена. Очигледно е дека тој човек не е способен да води ваков тим“, објави францускиот новинар Едуардо Инд.

Тој тврди дека најголемата желба на ПСЖ е Зидан.

„Управата на клубот од поодамна преговара со Зидан. Ако Галтие добие отказ, Зидан е реална можност во овој момент“, тврди Инд.

Француските медиуми потсетуваат дека Зидан претходно го одбиваше ПСЖ затоа што се надеваше на селекторската позиција во Франција, но таму Дешамп го продолжи договорот и сега може да биде отворен за соработка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анри се плаши да проговори – дали судиите го штитат Сити во борбата за титулата?

Легендарниот Тјери Анри како аналитичар секогаш ја кажува својата мисла, но овој пат реши …